Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов пакет санкции за Русија од САД и сојузниците-забрана за нови инвестиции и увоз на јаглен од Русија

0
By Ivana on April 6, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 6, 2022 09:01

Соединетите Држави и нивните сојузници денеска ќе објават нов широк круг санкции врз Русија, јавува новинската агенција Ројтерс повикувајќи се на официјални извори во Вашингтон.

Со санкциите се забрануваат сите нови инвестиции во Русија, се зголемуваат ограничувањата на финансиските институции и државните претпријатија во Русија, а ќе бидат насочени кон претставници на руската влада и нивните семејства. Европската комисија вчера предложи петти пакет санкции против Русија.

Претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, наведе дека најновиот пакет предвидува, меѓу другото, забрана за увоз на јаглен од Русија во вредност од четири милијарди евра годишно, целосна забрана за трансакции за четири клучни руски банки, забрана за пристап до европските пристаништа на руски бродови, таргетирани забрани за извоз во вредност од 10 милијарди евра, во области каде Русија е ранлива, како што се квантните компјутери и напредните полупроводници, но и чувствителните машини и транспортната опрема.

Санкциите вклучуваат забрана на ЕУ за руските компании да учествуваат во јавните набавки во земјите-членки и исклучување на каква било финансиска поддршка, без разлика дали е европска или национална, од руските јавни тела.

До новите санкции на Западот доаѓа по извештаите за убиства на цивили во северна Украина од страна на руските сили. Русија негираше какви било обвинувања поврзани со убиства на цивили, вклучително и во Буча.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.