Нови Сад кој е прогласен за град на културата за 2022 година широко ги отвори вратите за изложбата на македонскиот државен архив и за револуционерниот великан Гоце Делчев. За изложбата која е отворена до 09 април.
Во Нови Сад, град што е европска престолнина на културата за 2022 година, е претставена изложбата на Државниот архив: ,,150 години од раѓањето на Гоце Делчев 1872-2022”.
На отворањето на изложбата за нејзиното значење зборуваа: директорот д-р Емил Крстески, авторката, д-р Јасмина Дамјановска, како и директорот на Архивот на Војводина, д-р Небојша Кузмановиќ.
Изложбата, на која присуствуваше и в.д. Амбасадорката на Република Северна Македонија во Република Србија, Михаела Веселинов, ќе биде отворена до 9 април 2022 година.