НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пролетта го разбуди незадоволството – април ќе биде месец на штрајкови

0
By Biljana on April 6, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генерален штрајк или радикални протести најавуваат Синдикалните организации по неуспешните преговори со Владата за усогласување на платите во јавниот сектор.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати, велат оти членовите се  разочарани, манипулирани и потценети од страна на власта.

„Испративме допис до Владата не добивме одговор. Вчера бевме во Министерството за информатичко општество. Наместо министерот не прими државниот секретар и неговите советници. Ни рекоа кажете кои се вашите барања, ние не можеме да одлучуваме. Ете тоа е односот на Владата со синдикатите. Од час и половина состанок, ние еден час и петнаесет минути слушаме за кризите кои се случуваат во државата“, рече на прес конференција претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

Исплатата на минимална плата под законски предвидениот минимум во повеќе дејности, дополнително го разочара членството на Синдикатите, вели Ралповски и најавува радикализација на синдикалното делување. Дали тоа ќе биде генерален штрајк или масовни протести, членството допрва ќе одлучува.

Критики имаат и за Законот за административни службеници, кој по скратена постапка влезе во Собранието.

„Тој закон не носи ништо добро, само по 100 до 200 денари за покачување на платите во јавнот сектор. Манипулацијата е голема, се манипулира со 5, 6 до 10.000 работници. Се работи за 100.000 работници, кои не можат да земат повисока плата доколку Владата не донесе одлука за зголемување на бодот. Ги повикуваме сите пратеници да застанат на страната на работниците, да ја сопрат оваа манупилација и да не дозволат еден ваков потценувачки закон да помине во Собрание“, додава Ралповски.

Реакција за Законот за административни службеници стигна и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека така како што е скроен, Законот предвидува покачување на платите само за една група работници во јавниот сектор, но не за сите.

„Токму затоа, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман кој имаше за цел усогласувањето со минималната плата да биде предвидено за сите категории вработени според Законот за административни службеници. Но за жал, мнозинството предводено од СДСМ и ДУИ, едногласно го одби“, рече на денешната прес конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова и додаде дека со овој амандман се предвидувало линерано покачување на платите на сите вработени во јавниот скетор за 2800 денари.

Предлогот за линеарно покачување на платите доби поддршка и од Сојузот на синдикати на Македонија и од Синдикатот на УПОЗ.

Инаку, гранковите синдикати кои делуваат во состав на КСС, Синдикатот за администрација и државна управа, Синдикатот за транспорт и врски, Синдикатот за станбено, деловно, комунални организации, Синдикатот на полиција и Синдикатот за енергетика минатата недела излегоа на предупредувачки протест пред Собранието.

Утре пак со прекин на работниот процес од 10 до 12 часот своето незадоволство ќе го изразат вработените во управата и правосудството, а од понеделник генерален штрајк почуваат вработените во образованието.

(Б.Божиновска)

генерален штрајк КСС протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.