НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

КИФ по втор пат организираше заеднички саемски настап на компании од шесте земји на Западен Балкан

0
By Mirjana on April 6, 2022 ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ко-претседателот на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), Бранко Азески, и потпретседателката на Стопанската комора на Северна Македонија, д-р Елена Милевска Штрбевска, се домаќини на 23 Меѓународен бизнис саем што се одржува во Мостар, заедно со претседателот на Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, Ахмет Егрлиќ. Ова е втора саемска манифестација (после Саемот во Тирана што се одржа во декември минатата година) на која стопанските комори од регионот од шесте земји на Западен Балкан имаат заеднички настап, преку Коморскиот инвестициски форум (КИФ). Мостарскиот саем е една од најпрестижните манифестации во регионот и секоја година собира најголем број бизнисмени, премиери и претставници на сите важни институции од регионот. Во разговорите со претставниците на КИФ и на Коморите, со оглед на актуелниот момент на мултикриза, се разговараше за интензивирање на регионалната соработка, која е реален одговор на потребата за намалување на нивниот негативните ефекти врз работата на компаниите. Штандот на коморите и на КИФ го посети и г-дин Сташа Кошарац, министер за надворешна трговија и економски односи на БИХ.

Оваа година на Мостарскиот саем учествуваат 39 компании од земјите на Западен Балкан, меѓу кои и четири македонски компании, а за нивното учество трошоците се покриени од страна на КИФ.

Вчера во Сараево претседателот Азески и потпретседателката Милевска Штрбевска имаа разговори со раководството на Надворешно-трговската комора на БиХ – партнер на Стопанската комора на Северна Македонија во сите регионални проекти. Во разговорите се прецизираа обврските за наредниот период, кој ќе помине во силен налет на кризата и ќе остави последици врз бизнисите кои ги претставуваат.

Вкупната трговска размена на Северна Македонија со Босна и Херцеговина во 2021 година изнесува 194,2 милиони долари, со раст од 18 % споредено со 2020 година. Извозот изнесува 112,3 милиони долари, со раст од 24%, додека увозот изнесува 81,8 милиони долари, со раст од 11% во споредба со минатата година. Истиот тренд на трговска размена се задржува и во 2022 година, а најзастапени производи во извозот се лекови, цевки, месни преработки, вино, конзервиран зеленчук и електрични акумулатори, додека во увозот од БиХ се млекото и млечните производи, месни преработки, слатки, и производи од дрвната индустрија.

КИФ НА САЕМ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.