Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На театарските работници им е доста од театарот со наводна грижа за кулурата

0
By Ivana on April 7, 2022 ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 7, 2022 15:45
Над 100 дипломирани театарски работници, меѓу кои актери, режисери, драматурзи и продуценти, кои со години се невработени ја формираа  иницијативата „Аудиција сега“. Дел од членовите на иницијативата пред два дена остварија средба со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на кој и беа презентирани нивните барања и предлози околу менувањето на политиките за вработување во театарите. 
Во разговор за Нова ТВ, актерката и член на иницијативата „Аудиција сега“, Марина Поп Панкова вели дека нивно приоритетно барање е формирање на работна група за отворање на нови работни места, воведување нови критериуми за оценување на проектите за независната сцена, водење сметка за процентот на учество на невработени и вработени во театарските продукции при бодувањето, задолжително ангажирање невработени режисери со по минимум еден проект во институциите годишно, ангажирање невработени актери во секоја претстава во продукција на институционалните театри и редовни конкурси за драми на македонски драмски автори.
Имавте средба со министерката за Култура, како помина и дали очекувате некаков позитивен исход?
– Во Министерството за култура беше договорено да се формира работна група составена од професори од државни и приватни факултети и академии, членови на СКРМ, националните театри и центрите за култура за изготвување стратегија за отворање на нови работни места, поголема транспарентност и креирање електронска база на дипломирани театарски работници. Исто така, изразија подготвеност да учествуваат во подготовката на документите на националните установи со кои ќе се овозможи ангажирање на минимум еден невработен актер во зависност од обемот на претставата, на отворени кастинзи за секоја претстава, како и минимум еден режисер во годишните програми на институциите. Беше договорено иницијативата да се вклучи во процесот на изготвување на следниот Годишен конкурс во делот на ревидирање на критериумите и приоритетите за бодување и оценување на проектите. И иницијативата „Аудиција СЕГА!“ да е дел и од работните групи што ќе работат на претстојната четиригодишна Стратегија за култура, како и на Законот за јавен интерес во културата. За голем дел од нашите барања, успеавме првично да договориме начин за нивно исполнување. Но, она што остана како отворена тема е секако најважното барање на нашата иницијатива, а тоа е вработувањето на најмалку 60% од невработените дипломирани театарски работници во следните две години. Со самото тоа што ќе имаме претставници во работните групи кои ќе работат на изработување на четиригодишната Стратегијата на култура, ќе отпочнеме процес на изнаоѓање на решение и на овој проблем.
Кои се вашите конкретни барања до Министерството за Култура и дали реално истите се изводливи?
– Нашите главни барања се: Креирање на Стратегија за отворање на нови работни места и креирање на електронска база податоци на дипломирани театарски работници. Отворање на нови работни места во НУ и НУЦК во следните две години, за вработување на минимум 60% од невработените дипломирани театарски работници, државјани на РСМ. НУЦК кои имаат технички, просторни и логистички капацитети за креирање на репертоарски политики ( Кочани, Кавадарци, Гевгелија, Неготино, Кичево), да започнат процес на вработување театарски работници и креирање ансамбли. Донесување на одлука во секоја НУ и НУЦК за ангажман на најмалку еден невработен актер во секоја театарска претстава која не е монодрама или дуодрама. Исто така, ангажман на еден невработен театарски режисер во рамките на планираната Годишна програма. Како и распишување на конкурси за драмски текст од македонски автор, кој ќе биде поставен на театарската сцена. Ревизија на Критериумите и приоритетите врз чија основа ќе се оценуваат проектите поднесени во рамките на Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес (други корисници). Оваа листа е внимателно, заеднички креирана од сите нас, со цел подеднакво да бидат застапени барањата и потребите на сите театарски работници- актери, театарски режисери, драматурзи/драмски автори и продуценти. Секако дека немаше да настапиме со овие барања, доколку сметавме дека не се изводливи. Напротив, многу се реални и некои од нив може да бидат реализирани веднаш, а за некои е потребен одреден временски интервал, како што и самите наведовме.
Каде го лоцирате проблемот со кој се соочуваат театарските уметници?
– Проблемот можеме да го лоцираме во непостоењето на електронска база на податоци на дипломирани театарски работници. Никој до сега не се сетил да ја направи таа евиденција, којашто откако ќе биде направена, треба само да се ажурира на годишно ниво. Иако во нашата држава има само 5000 луѓе вработени во сите културни сфери (од кои 350 во националните театри и центри за култура) , таа долгогодишна негрижа од страна на институциите се чувствува сѐ повеќе. Другиот дел од проблемот лежи секако во затворањето на работните места, откако некои од колегите ќе заминат во пензија и поништувањето на веќе распишани конкурси за чија реализација веќе биле обезбедени средства од Буџетот. Вработувањата во културата не се реализираат на годишно ниво, туку се инцидентни и спорадични. Тоа мора да се промени, бидејќи резултира со големи генерациски јазови во самите ансамбли и зголемена невработеност наспроти продуцирањето на нови дипломирани театарски работници.
Како дојдовте до идеја за формирање на оваа иницијатива?
– Поттикнати токму од децениската незаинтересираност за изнаоѓање на системско решение за нашиот проблем, решивме заеднички да застанеме со барање за остварување на нашите права и валоризација на нашиот труд, знаења и таленти. Досегашната борба беше поединечна и ретко кога излегувавме како победници. Сметаме дека оваа иницијатива е вистинскиот начин за понатамошно дејствување.
Што доколу институциите останат неми по однос на вашите барања?
–  Секако дека беше неоходно најпрво да се случи средбата со Министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска. Ние го детектиравме проблемот, го кренавме гласот и понудивме можни решенија. Останува да видиме дали институциите ќе се огласат на овие наши барања. Понатамошните чекори ќе ги усогласиме според тоа каков тек ќе земат настаните кои беа договорени и ветени на оваа средба. Доколку не добиеме позитивен одзив, секако дека и нашиот пристап ќе биде поагресивен.
Колку според вас имаме квалитетна театарска сцена и што во иднина би можело да се промени кон подобро? 
– Можам да кажам дека имаме квалитетна театарска сцена, но во многу ансамбли е потребна свежина и проширување. Непходни ни се драмски текстови кои ќе ја збогатат националната драматургија, нови режисерски имиња кои ќе додадат нова боја на театарските сцени, потребни ни се актери кои со својата енергија ќе донесат можност за креирање на нови репертоарски политики. Свесни сме за незавидната економска, здравствена и безбедносна состојба во која се наоѓаме на глобално ниво, но не смееме да се препуштиме на летаргијата и да ги кренеме рацете од културата. За време на најголемата светска криза, во Втората светска војна, дел од кабинетот на Винстон Черчил предлага парите наменети за културата да бидат пренаменети во набавка на оружје. Тој категорично го одбива тоа велејќи: „А за што тогаш се бориме ние..?“ Значи, кога постои желба, постои и начин. Имаме огромен културен потенцијал кој за жал, лежи на маргините на нашето општество и чека да биде „искористен“. Со вистинските луѓе на вистинските места, веруваме дека ова ќе биде надминато и ќе се направи стратегија која ќе ни користи не само нам, туку и на сите генерации кои доаѓаат по нас.
И.Рамаданова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.