НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Регионален форум: Борбата против корупцијата бара и политичка волја

0
By Biljana on April 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Регионален форум „Борбата против корупција: Западен Балкан во фокус“.

„Кога граѓаните чувствуваат дека не можат да успеат во нивниот систем заради корумпирани административци или коруптивни пркатики, тоа ја нагризува суштината на општеството“, истакна Кејт Мери Брнз, амбасадор на САД во РС Македонија на денешниот регионален форум „Борбата против корупција: Западен Балкан во фокусот“. Наведе дека корупцијата ја нагризува вербата во институциите, сите основи на демократијата, а антидемократските сили ја користат корупцијата за да ја поткопаат деморкатијата во слободните нации.

Амбасадорката Брнз го истакна напредокот во Северна Македонија и во другите земји во регионот, посочувајќи дека нашата земја имаше напредок од 24 места на листата за перцепција за корупцијата.

„Би сакале да го задржиме овој момент на движење, но сепак ни претстои уште многу работа“, рече Брнз.

Додаде дека корупцијата има различни форми не се само парите во плико и не се случува само на највисоко нивоа на Владата.

„Научивме дека граѓаните некогаш не можат да добијат на пример извод од матична книга на родени без да потплатат. И ова е корупција, и тоа е погрешно и штетно. Тоа е корупција што го забавува напредокот. Борбата против корупцијата е едно од основните човекови права, а од оваа година и судството ќе биде вклучено. Во Северна Македонија на пример има голем притисок врз судиите, и сето ова може да биде индикатор за корупција и во најдобар случај може да го направи судскиот систем подложен на корупција. САД инвестирале многу во судскиот систем во Северна Македонија за да ги затвори овие ранливи точки и сакаме да видиме дека нашите инвестиции се исплатливи со судски систем што е правичен за сите“, порача Брнз.

Според неа, Владите можат да придонесат во борбата против корупцијата и наведе дека вицепремиерката Славица Грковска работи активно на промовирање на добрите практики, но, потенцира, овие практики бараат политичка волја.

Билјана Ивановска, претседател на Државната комисија за спречување на корупција, истакна дека фокусот се базира на анализата на ризиците од корупција.

„Таа анализа покажува дека кај нас сè уште постојат крупни ризици од корупција, а тоа е пред сè, политичкото влијание, на прво место, кое што се манифестира во повеќе делови од општествениот живот, како и неказнивоста, што, исто така, е страшен ризик од корупција, недоволната транспарентност како и интегритетот“, рече Ивановска.

Во фокусот на регионалниот форум „Борбата против корупција: Западен Балкан во фокус“ беа тековните и неопходни антикорупциски реформи, а се дискутираше за начините за подобрување на соработката меѓу меѓународните, владините и граѓанските актери.

Форумот е во организација на Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Лидерството за развој и интегритет во Југоисточна Европа (SELDI).

борба против корупција Кејт Мери Брнз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.