Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во март изнесуваат 36.768 денари, објави денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), презентирајќи ги пресметките на минималната синдикална кошничка.
– Од почетокот на годинава до сега, потрошувачката кошничка е поскапена за 1.000 денари, а споредбено со месец март таа е поскапена за 3.000 денари. Најголемо зголемување има кај исхраната, пијалоците и кај превозот“, утврдила пресметката на ССМ.
За храна и пијалоци во март биле потребни минимум 15.780 денари, а за режиски трошоци 11.597 денари. Останатите пари од минималната синдикална кошничка одат на превоз, облека и на здравствени услуги.