Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека вчера (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош.
СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста.
Денис Тот, 27-годишниот хрватски ракометар, настапува за македонскиот прволигаш Бутел од Скопје.
Хрватски Јутарњи лист објави „Страшни вести доаѓаат од Северна Македонија. Денис Тот, 27-годишниот хрватски ракометар кој настапува за македонскиот прволигаш Бутел од Скопје, беше брутално претепан во Северна Македонија и моментално се бори за живот во болница во Скопје“.