Управниот одбор на Здружението на судиите донел заклучок да побара од Владата да им бидат зголемени платите или ќе стапат во предупредувачки штрајк.
„Здружението на судии бара договорените измени за зголемување на коефициентот за пресметка на платите најмалку за 15 отсто да се усвојат во најкраток можен рок а не подоцна од две недели, а исто така да бидат усвоени измените на законот за платите на судиите најдоцна до 30 јуни 2022 година“, се вели во заклучоците кои се испратени до министерот за правда Никола Тупанчески и до Владата.
Во спротивно, се додава, ќе стапат во штрајк на 28 април од 11-11.30 часот.