Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска – Лајчак: Евроинтеграцијата е стратешка инвестиција за Западен Балкан

0
By Соња Крамарска on April 8, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 8, 2022 12:30

Европската перспектива на сите земји од Западен Балкан е стратешка инвестиција во стабилноста и безбедноста на регионот, но и на Европскиот континент – се согласија денеска на средбата на маргините на економскиот форум Делфи, министерката за одбрана Славјанка Петровска и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград- Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

„Северна Македонија со спроведените реформи го заслужи почетокот на преговорите со Европската Унија а моменталниот геополитички контекст не остава простор за одлагање на евроинтегративниот процес кој има сериозна безбедносна димензија“, изјави министерката Петровска на средбата со Лајчак.

Двајцата соговорници констатираа дека дијалогот е најдобрата  стратешка инвестиција за земјите од Западен Балкан, а регионалната соработка клучна во процесот на европската интеграција на овие земји.

„Во услови кога светот се справува и помага за намалување на последиците од војната во Украина, Северна Македонија се приклучи на напорите водени од ЕУ за организирање на хуманитарна помош и е подготвена да прифати бегалци од Украина“, рече министерката Петровска.

Составен дел од безбедноста на Европа е безбедноста, стабилноста и просперитетот на Западен Балкан, што, пак, во голема мерка зависи од европските перспективи за регионот. Одлагањето на евроинтегративниот процес отвора можност за пробив на влијанието на трети земји, а ефективниот почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ ќе испрати јасна порака против тие влијанија, беше речено на средбата.

 

 

Мирослав Лајчак Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.