Првомајски протест на работниците, најавија од Сојузот на синдикати на Македонија.
„Поради отсуство од преговарачки процес за линеарно зголемување на платите од 2806 денари во нето износ од страна на Владата, Советот како највисок орган на ССМ одлучи да се одржи првомајски протест наместо првомајски марш. Ќе го изразиме нашиот револт по основ на незголемување на останатите плати со порастот на минималната плата“, рече претседателот на ССМ, Дарко Димовски и додаде дека првомајскиот протест може да прерасне во генерален семасовен штрајк.
Од ССМ алармираат дека со последните податоци на Државниот завод за статистика синдикалната потрошувачка кошничка изнесува 36.786 денари што значи дека е зголемена за 922 денари во однос на јануари годинава.