НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата против барањето на Еди Рама: Најдобро е Северна Македонија и Албанија заедно да го продолжат процесот

0
By Соња Крамарска on April 8, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија ги спроведе сите реформи, исполнети се сите критериуми на ЕУ за отворање на процесот за членство, за што впрочем и има одлука за почеток на преговорите уште во 2020 година, велат од Владата по вчерашниот повик на албанскиот премиер Еди Рама, Албанија да се одвои од Македонија во процесот на добивање датум за пристапни преговори.

„Во однос на раздвојувањето на Република Албанија во овој процес, позицијата на Европската комисија е да бидат усвоени преговарачките рамки и да се одржат меѓувладините конференции со двете земји. Ова е процес заснован на заслуги, и двете земји спроведоа сериозни реформи, затоа почетокот на пристапниот процес со двете земји е најдобрата и единствената опција, во интерес на обезбедувањето на перспектива и стабилност на целиот регион, потенцираат од Владата за НоваТВ.

Експертите, пак, разочарано констатираат дека потегот на официјална Тирана не е изненадување, иако ја затече македонската јавност.

Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика вели дека опасноста Албанија да побара соло статус, тлеела од поодамна. „Одамна оваа тема тлее на тивок оган, беше прашање на време кога ќе се вжешти. За Македонија ова ја прави ситуацијата посложена и создава поголем притисок за решавање на спорот со Бугарија“, изјави таа за НоваТВ.

Меѓутоа, како што додава Ристевска Јорданова, треба да се има предвид како ќе изреагираат на барањето од Тирана државите членки на ЕУ кои се уште не се расположени за раздвојување на двете држави, како и кои се нашите долгорочни интереси, вели таа. „Ние треба да си ги штитиме нашите интереси. Имало досега одвојувања и спојувања во процесот, па сепак сите во регионот сме далеку од посакуваната и можна интеграција“, потенцира Малинка Ристевска Јорданова.

Апелот на албанскиот премиер како никого да не го загрижи во државата. Отсуствуваат било какви реакции, особено од Владата и од надлежниот министер Бојан Маричиќ иако почетокот на преговорите со ЕУ е централно политичко прашање во Скопје, а партнерството со Албанија даваше надеж дека Унијата ќе сака побрзо да го разреши конфликтот кој го наметна Бугарија.

„Албанија веќе не може да чека двата соседa да го решат спорот. Нашиот политички курс по ова прашање целосно ќе се промени“, ја пренесе вчера Ројтерс изјавата на албанскиот премиер Еди Рама. (С.К.)

 

Влада датум за преговори Еди Рама Малинка Ристевска-Јорданова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.