НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој беше Денис Тот: Роден во Ѓаково, играше за шпанскиот великан Адемар Леон, велеше дека му е мило што е во Македонија

0
By НОВА ТВ Balaban on April 10, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денис Тот – младиот ракометар чиј живот насилно беше прекинат во Скопје, е роден 1994 година во Ѓаково, каде ја започна својата ракометна кариера. Израснал во спортско семејство, татко му Игор е фудбалски тренер кој го води хрватскиот третолигаш ХНК Ѓаково, а брат му Борис е ракометен голман кој моментално настапува во Холандија. Веста дека починал ги шокираше сите во клубот во кој ја започна кариерата, Ѓаково, во местото каде што е роден.

„Неверојатно е тешко и неописливо болно да се напише ова. Се збогуваме со нашиот Денис Тот со скршени срца. Младото срце на нашиот Денис, нашиот легендарен ‘Ченга’, прерано престана да чука. Почивај во мир, Денис. Искрено сочувство до семејството од сите членови на РК Ѓаково“, напишаа на социјалните мрежи од неговиот прв клуб.

Татко на Денис е славонскиот фудбалски тренер Игор Тот, кој водел неколку второлигашки и третолигашки клубови, а моментално е тренер на ХНК Ѓаково-Хрватска. Игор Тот беше и прволигаш кој играјќи за Инкер, Цибалија, Вартекс и Славен Белупо, забележа 61 професионален настап и постигна 14 голови.

Ракометар е и помладиот брат на Денис, Борис, поточно голман кој моментално игра во Холандија: „Прерано не остави драг мој, почивај во мир. Без тебе ништо нема да биде исто“, напиша неговиот помал брат Борис. Ракометниот пат на леворакиот Тот до ракометниот клуб Бутел најпрвин водеше низ домашните клубови Бјеловар и Пореч, а потоа заигра во редовите на поранешниот шпански првак Адемар Леон и австриски Брук. Тој никогаш не стигнал до вратата на репрезентацијата, иако играчи од неговата генерација тврдат дека бил еден од поголемите таленти.

Иако на почетокот на кариерата беше успорен поради тешката повреда на лигаментите на коленото, во Хрватска велат дека е еден од подобрите играчи на позицијата десен бек. Со Ѓаково играше во Првата лига, беше на крајот од Купот, а таму го забележаа од големиот “Шпанец” Адемар Леон, кој го донесе во своите редови. „Навистина е голема чест да се игра во таков клуб. Мојот менаџер го заврши најголемиот дел од работата, а кога пристигна понудата на Адемар, не се двоумевме ниту една секунда. Морам да признаам дека сум малку исплашен. Јас во големиот Адемар?! Тоа прашање се уште си го вртам во главата. Но таква можност се добива само еднаш“, изјави Тот во 2015 година по големиот трансфер.

Тот, кој играше како десно крило, минатата година пристигна во ракометниот клуб Бутел од Охрид, каде мина две години и беше еден од најдобрите играчи во тимот. „По две сезони во Охрид решив да ја сменам средината. Работните услови и амбициите на клубот ме привлекоа и решив да ја прифатам понудата на Бутел. Следната натпреварувачка година сакаме повторно да победиме во плејофот, а потоа и пласман во Европа. Според мене, македонската лига е најинтересна на Балканот и мило ми е што останувам во оваа земја“, изјави Тот по потпишувањето на договорот со ракометниот клуб Бутел. Играше и за Бјеловар, Пореч и Брук во Австрија.

(Р.Н.)

Денис Тот ракометар Се збогуваме
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.