НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ставот на Бугарија за евроинтеграциите на Македонија останува непроменет, соопшти бугарското МНР

0
By Ivana on April 12, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во врска со дезинформациите во медиумите за преземените обврски на министерката Теодора Генчовска кон Германија и нејзината колешка Аналена Бербок, Министерството за надворешни работи во Софија излезе со соопштение во кое се наведува дека ставот на Бугарија за евроинтеграциите на Република Северна Македонија останува непроменет.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Бугарија продолжува да се придржува до Рамковниот став за проширување на ЕУ и процесот за стабилизација и асоцијација на Република Северна Македонија и Албанија од 9 октомври 2019 година, кој беше едногласно поддржан со декларацијата на Националното собрание на Бугарија од 10 октомври 2019 година, како и од состанокот на Советодавниот совет за национална безбедност на 10.01.2022 година.

Во позицијата се вели дека поддршката за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан останува приоритет на бугарската надворешна политика и следејќи го критериумот на сопствените заслуги на секоја земја кандидат и почитувањето на основните вредности на ЕУ, вклучително и почитувањето на човековите права и почитувањето на принцип на добрососедство.

Теодора Генчовска вчера го реафирмираше ставот на Бугарија при нејзиниот разговор со шефот на германската дипломатија во рамките на Советот за надворешни работи.

Во однос на почетокот на преговорите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ, клучно е Бугарија да постигне неповратни резултати во одржувањето добрососедски односи и добивање јасни гаранции во преговарачкиот процес на ЕУ за натамошна имплементација на Договорот за добрососедство од 2017 година. Бугарија очекува уставни гаранции за почитување на правата на Бугарите во Република Северна Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.