Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Среда е сепак среќен ден за СОНК: Средба во 15 часот, Неделков не открива за кое покачување ќе пружи рака

0
By НОВА ТВ Balaban on April 13, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 13, 2022 13:30

Незнам, прво да ја имаме понудата за зголемување на платите пред нас, однапред не може да кажеме на што ќе се согласиме. Треба прво членството да го прашаме, изјави Неделков за НоваТВ.

На третиот ден на штрајкот на вработените во образованието, претставниците на СОНК денеска во 15 часот ќе имаат средба во Министерството за  образование и наука, со министерот Јетон Шаќири, дознава НоваТВ.

– Само што ми јавија дека во 15 часот е закажана средбата на СОНК со министерот Шаќири, ни изјави синдикалниот лидер, Јаким Неделков.

Тој не открива за кое покачување на платите ќе се согласи и на Владата ќе ѝ пружи рака за договор и за прекин на штрајкот во образованието, а по изјавата на министерот Шаќири дека „ќе пренамениме дел од буџетските средства на МОН за да ги зголемиме платите кои ги бара СОНК“.

– Незнам, прво да ја имаме понудата за зголемување на платите пред нас однапред не може да кажеме на што ќе се согласиме. Треба прво членството да го прашаме. Секој треба да има разбирање за тоа каква е ситуацијата во државата, дека е криза, но сепак како Влада треба да се организираат и да се дојде до договор за платите, изјави Неделков кој предмалку на Фејсбук објави:

– Нека денешниов ден, среда, биде среќен ден за сите нас. Да се надеваме дека денес ќе бидеме повикани на преговори и ќе ни биде дадена разумна понуда. Дотогаш, Среќно!“, напиша претседателот на СОНК, Неделков.

СОНК бара 18,4 отсто зголемување на платите на вработените во дејностите образование и детска заштита и тоа веднаш да бидат зголемени, согласно со порастот на минималната плата која од овој месец е 18.000 денари. И дополнително, таа плата да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места.

(Љ.Б.)

 

СОНК средба среќен ден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.