Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се зајакнува Финансиската инспекција за контрола на користење на парите во јавниот сектор и од ЕУ фондовите

0
By НОВА ТВ Balaban on April 13, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 13, 2022 15:09

Меѓу позначајните измени е и зголемување на износот на глоба за раководителот на субјектот на финансиска инспекција, како и воведување нови прекршочни одредби за сторени прекршоци со незаконско користење на средствата на ЕУ фондовите и прекршоци сторени од физичко лице и одговорно лице во правно лице со оневозможување на спроведување на финансиската инспекција или непостапување по барањата на финансиската инспекција.

Министерството за финансии преку финансиската инспекција во јавниот сектор поефикасно и поефективно ќе ја врши контролата на користењето на јавните финансиски средства кај субјектите од јавниот сектор и користењето на финасиските средства од ЕУ фондовите. Тоа го предвидува новото законско решение за финансиска инспекција во јавниот сектор што на предлог на МФ го усвои Владата на вчерашната седница.

Со новото законско решение се проширува основот за поведување финансиска инспекција и по службена должност, во случаи на допрен глас или по добиени сознанија за основано сомнение за сторена неправилност, недостаток и/или сомневање за кривично дело во финансиското управување со јавните средства, како и средствата на ЕУ фондовите кај субјектите на финансиската инспекција. Утврдено е дека нема да се спроведе финансиска инспекција во случај на поднесена анонимна пријава, со исклучок кога таа анонимна пријава ќе биде поткрепена со докази или има наводи за постоење на основано сомнение за неправилност, недостаток или сомневање за кривично дело во финансиското управување со јавните средства, како и средствата на ЕУ фондовите кај субјектите на финансиската инспекција.

Новиот закон предвидува и воведување акти со кои се изрекуваат мерки на субјектот на финансиска инспекција за отстранување на неправилност или недостаток, прекинување на неправилност и враќање на средствата во буџетот.

Меѓу позначајните измени е и зголемување на износот на глоба за раководителот на субјектот на финансиска инспекција, како и воведување нови прекршочни одредби за сторени прекршоци со незаконско користење на средствата на ЕУ фондовите и прекршоци сторени од физичко лице и одговорно лице во правно лице со оневозможување на спроведување на финансиската инспекција или непостапување по барањата на финансиската инспекција.

Потребата од носењето на новиот закон е заради подобрување на ефикасноста и ефективноста на финансиската инспекција при вршење контрола на користењето на јавните финансиски средства кај субјектите од јавниот сектор и користењето на финансиските средства од ЕУ фондовите, како и за надминување на слабостите во постојната регулатива, констатирани при практичното спроведување на законот од страна на финансиската инспекција на Министерството за финансии.

 

контрола Финансиската инспекција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.