НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Поместени граници“ изложба на отворено во петок попладне во дворот на Министерството за култура

0
By Mirjana on April 13, 2022 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Друштвото на ликовни уметници на Македонија информира дека изложбата „Поместени граници“ ќе се отвори во петок  15.04.2022 година  во 13.30 часот во дворот на Министерството за култура  и ќе трае до 20 часот истиот ден.

Поставувајќи ја уметноста поблиску до гледачите, дури и случајните минувачи, ја продолжуваме мисијата, уметноста да биде духовна храна, преку нејзе да испратиме порака и да се запрашаме колку сме моќни да направиме промени.

“Поместени граници” е веќе во своето шесто издание. Тоа е концепт проект посветен на новите медиуми,  потенцирајќи  ги уметничките процеси кои се отворени за промени, уметноста во хармонија со просторот, односот уметност и природа.

Самите уметници избрани за ова издание, ги придвижуваат границите на мислите, експериментираат низ нивната замисла, а сето тоа е резултат на грижите, прашањата и евентуалните одговори кои треба да ги постават во своите дела.Изборот на уметниците воглавно од младата генерација, со свои решенија од последната година на творештво, внесуваат енергија на поврзаност со природата, но и посветеност кон вечните теми на бесконечност, релативноста на времето, еколошкиот пристап кон постоењето, но уметниците се посветуваат и кон пробивањето на границите на разбирањето и надежта.На изложбата ќе се претстават 8 уметници, Марија Светиева, Ненад Тонкин, Ива Станковска, Дарко Базерко, Ана Трајковска, Јана Јакимовска, Славчо Максимовски и Ана Ивановска, се наведува во соопштението на ДЛУМ.

 

ИЗЛОЖБА НА ДЛУМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.