НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зејтинот оди како алва – се продава 1,5 тон дневно од еден ланец, но има и „купи, продај“

0
By НОВА ТВ Balaban on April 14, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Но забележуваме дека освен граѓаните, маслото го купуваат и дел од трговците кои имаат помали маркети и потоа таму го препродаваат по повисока цена. Затоа ние планираме, иако уште нема одлука на менаџментот, да ја ограничиме продажбата на маслото за јадење на три литра по потрошувач, велат од  управата на „Жито маркети“. 

Маслото за јадење, по неколкудневниот недостиг во најголемиот број продавници во земјата, од вчера „се продава како алва“. Во „Жито маркети“ вчера биле продадени околу 1,5 тон литри зејтин. Но, не само од индивидуалните потрошувачи, туку, како што тврдат од овој трговски ланец, масло за јадење во големи количини изнесувале и дел од помалите трговци кои потоа го препродавале. Министерството за економија денеска ја ограничи продажбата на масло од сончоглед за јадење во големи количини до крајот на мај

– Останаа непродадени само 23 шишиња масло за јадење од вкупно 1.500 литри коишто вчера беа дистрибуирани во нашите маркети во земјата. Но забележуваме дека освен граѓаните, маслото го купуваат и дел од трговците кои имаат помали маркети и потоа таму го препродаваат по повисока цена. Затоа ние планираме, иако уште нема одлука на менаџментот, да ја ограничиме продажбата на маслото за јадење на три литра по потрошувач, велат од  управата на „Жито маркети“ и додаваат дека државата порано требала да ја ограничи продажбата на маслото за јадење.

Во нивните маркети има масло од два домашни производители, а се продава по цена од 115 до 125 денари за литар. За споредба, масло од пет литри завчера на скопски Бит Пазар чинеше 700 денари.

Од денеска за секој поединечен купувач кој ќе купува масло од сончоглед за јадење, во трговските објекти, ќе биде ограничена продажбата на мала количина во единечно пакување. Се препорачува да не се дозволува продажба на масло од сончоглед за јадење во големи количини односно количини пакувани во пакети, објави министерот за економија Крешник Бектеши.

Директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димовска, за НоваТВ изјави дека ќе бидат изречени казни секаде кадешто има производ, во случајов – масло за јадење, без документ за потеклото, но и дека трговците треба да ги пријавуваат овие злоупотреби.

– Секој трговец мора да има евиденција од каде го набавил маслото за јадење. Ќе бидат казнети сите оние трговци кои немаат документ од каде го земале маслото кое го пуштиле во продажба. Сите кои ќе забележат вакви конкретни злоупотреби, трговци на мало да купуваат масло за јадење или други производи од малопродажба, а потоа да ги препродаваат, да ги пријават случаите до пазарниот инспекторат, ни рече Симеска Димоска. (Љ.Б.)

 

како алва маслото за јадење ограничена продажбата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.