НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За 11 години милион луѓе ја посетиле Спомен-куќата на Тоше во Крушево

0
By Соња Крамарска on April 21, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со музичко-сценски настан, со изложба и во духот на хуманоста денеска во Спомен-куќата „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево е одбележана 11-годишнината од отворањето на еден од најпосетуваните музеи во земјава и на Балканот, спомен-домот посветен на Тоше Проески, кој е најголемо обележје на животот и делото на големата музичка ѕвезда.

На одбележувањето беа доделени хуманитарни ваучери на пет социјално ранливи семејства. Се одржа литературно читање на тема „Твојот и мојот непребол“ со творби од поетеси кои ги читаа учениците од основното крушевско училиште „Никола Карев“, а со истиот наслов беше отворена и изложбата на дела на Снежана Лазарова.

Пред присутните со преработки на песните на Тоше настапи саксофонистот Горан Папаз. На вработените им беа доделени и јубилејни награди за 10 години работење во Спомен-куќата „Тодор Проески“.

Директорката на спомен-куќата Лефкија Гажоска вели дека за 11 години бројот на посетители се приближува до еден милион. „Единаесет години во спомен-домот се чуваат спомените за Тоше Проески, се чува секоја негова насмевка, се чуваат неговите лични предмети, оние што ги добивал од фановите, се слуша неговата музика и постојано имаме посетители. Ја одбележуваме 11-годишнината од Спомен-домот онака како што му прилега на Тоше, со музика, со сеќавања, изложба, со творби и со хуманост. Тоа е скромен настан со кој, на некој начин по пандемиското време, ги отвораме вратите на Спомен-куќата за поголема посетеност. Во спомен-куќата се 360 експонати, а за овие 11 години ја посетиле близу еден милион гости и тоа од речиси цел свет. Сме имале посетители од Кина, Тајван, од европските земји и секако од балканските земји“, изјави Гажоска.

Уметникот Снежана Лазарова во техника со ориз изложи 33 дела. „Идејата беше да прикажам дека во светот на темнината и светлината, преовладува светлоста“, вели Лазарова.

Исклучителното архитектонско здание, Спомен-куќата „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево има и меѓународни признанија. (МИА)

11 години Спомен-куќа Тоше Проески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.