Трите плаца на Груевски со вкупна површина од 11.000 метри квадратни од кои еден плац со површина од 2.700 квадрати на Водно, два плаца во Крушево, три стана во комплексот „Панорама резиденс“ со вкупна површина од 750 квадрати, два стана на Павел Шатев се конфускуваат, по одлуката на судечкиот совет што денеска ја соопшти Илија Трпков, судијата во судскиот предмет познат во јавноста како „Плацеви на Водно“.
Пазарната вредност на конфискуваниот имот изнесува околу три милиони евра.
На поранешниот премиер денеска му беше изречена казна од седум години затвор. Груевски доби и парична казна во висина од 3.200 евра
Неговиот кум Ристо Новачевски е условно осуден како и бизнисменот Ненад Јосифовиќ кој доби условна казна од две години. Јордан Камчев кој беше обвинет за „перење пари” доби една година затвор. Првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков кој е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“ е осуден со неправосилна пресуда од една година и 3 месеци.
Ратка Камчева, судот ја ослободи од вина, бидејќи за неа кривичното дело е застарено.
С.М.