НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АД ЕСМ со намалени плати на директори, намалени јавни набавки и расходи  

0
By НОВА ТВ Balaban on April 27, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

АД ЕСМ воведе нови мерки за штедење и ги прошири мерките кои ги донесе во декември 2021 година, со цел намалување на трошоците во услови на енергетска криза.

Со најновите мерки ревидирани се планот за јавни набавки, финансискиот план и програмата за инвестиции за 2022 година, информираат од АД Електрани на Северна Македонија.

 

– Годишен план за јавни набавки (ГПЈН)-намалување за 96 милиони евра (5.861.339.686 денари)

– Годишен финансов план-намалување расходи за 8,3 милиони евра (515.194.000 денари)

– Годишна инвестициска програма (ГИП)-намалување за 117 милиони евра (7.211. 301.293 денари)

 

Преземени се пошироки мерки за заштеди и преку намалување на издатоците за плати и надоместоци, почнувајќи од платите во Управниот одбор, односно намалени се платите на генералниот директор на АД ЕСМ, и на заменик генералниот директор, како и други издатоци на име месечни примања, кои ќе придонесат за намалување на трошоците во делот на платите.

Издадени се решенија за мерка принуден одмор до два месеци врз основа на доброволно пријавување на работниците, согласно Законот за работни односи, со исплата на 70 отсто од платата, со што исто така ќе се остварат заштеди.

Уште од декември 2021година намалени или целосно запрени се и сите други трошоци, односно:

– спонзорства

– репрезентации

– службени патувања кои не се строго поврзани со производството на електрична енергија

– сведена е на неопходниот минимум исплатата на прекувремени работни часови

– законската дневница за патување се исплаќа во половина износ

– запрена е набавката на возила, освен возила потребни за производниот процес

– употребата на патнички возила е целосно и строго рационализирана.

Мерките се насочени кон намалување на непродуктивните трошоци и реализација на производниот процес со вложување што помалку материјални и човечки ресурси.

 

 

 

АД ЕСМ намалени плати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.