Тешка сообраќајна незгода се случи вечерва на раскрницата помеѓу булеварите 8-ми септември и Партизански одреди, пишува Скопјеинфо.
Во неа учествуваа три автомобили, два со македонски и еден со грчки регистарски таблички.
Сообраќајот во овој дел од булеварот се одвива отежнато а има и повредени.
Полицијата во моментов врши увид на местото на несреќата.