НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што значи гасниот пловен терминал Александруполи за македонската и регионалната енергетска кондиција?

0
By Mirjana on May 3, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: Независен Весник
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Почнува изградбата на новиот терминал за складирање и гасификација на течен природен гас во Александруполи, преку кој се очекува за помалку од 20 месеци да потечат првите кубни метри течен природен гас (ЛНГ) од Азербејџан односно од САД и други земји. Со проектот кој е прогласен за проект од посебен интерес на Европската Унија која ја одобри грчката мерка за поддршка вредна 166,7 милиони евра за изградба на терминалот, се очекува Република Северна Македонија да ги зголеми капацитетите за дотур на гас во земјава  што би влијаело врз либерализацијата на пазарот, а со тоа и врз конкурентноста на цените.

Договорот  со Грција за изградба на прекуграничен интерконектор за природен гас во вредност од 100 милиони евра, нашата влада го потпиша во јули. Оваа можност се цени како нова независна енергетска порта за пазарите во Југоисточна и Централна Европа. Станицата ќе има капацитет за складирање на (ЛНГ) од 170.000 кубни метри и капацитет за снабдување со природен гас кој ќе надмине 5,5 милијарди кубни метри годишно.

ЛНГ конкретно ќе се продава на пазарите во Грција, Бугарија и во поширокиот регион; од Романија, Србија и Северна Македонија, до Молдавија и Украина.

Македонскиот удел во двата проекта значи инвестиција од 25% во гасната централа на природен гас од 800 мегавати, за која проценетата инвестиција е над 380 милиони евра, и 10% во гасниот терминал, што значи учество во  вредност од околу 370 милиони евра.

За македонските власти, учеството во проектот е од историско значење. Очекувањата се дека покрај зацврстување на соработката на полето на енергетиката со компании од Грција, ќе се обезбеди трајно и стабилно снабдување на природен гас за земјата, но и дополнителна можност за негова дистрибуција и во регионот. Ова е прв пат по 30 години Македонија да обезбедува нова, уште една линија за проток на природен гас и да го обезбеди снабдувањето за наредните 15 години. 

Експертската јавност нема дилеми дека учеството во вакви големи енергетски проекти носи бенефит, дилемите единствено се присутни за тоа какви и колкави ќе бидат тие пред се поради тоа што станува збор за инвестиција надвор од државата.

Со овој важен проект очекувањата во регионот се да се диверзифицираат  изворите за снабдување со природен гас, не само за секоја од земјите поединечно, туку и на целиот Балкански Полуостров.

(М.Т.)

Почна изградбата на гасната централа во Алксандропули
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

ВЕСТИ August 12, 2025

Украинските Вооружени сили го задржуваат непријателот на првата борбена линија – особено во правецот кон…

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.