НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Гасот од „Александруполи“ ќе потече за 20 месеци, лидерите од регионот го оценија како историски чекор

0
By Mirjana on May 3, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изградбата на гасниот терминал во Александруполи е историски настан за регионот и проект за долгорочна енергетска независност и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време, порача премиерот Димитар Ковачевски на свечената церемонија по повод почетокот на изградба на овој терминал.

На денешниот настан во Александруполи, Ковачевски рече дека гасниот терминал е од огромно значење за регионот од аспект на диверзификацијата на природниот гас и поголемата сигурност во снабдувањето со овој енергенс.

– Јужниот коридор ја намалува зависноста од досега единствениот канал на доток на гас од Русија.

Поточно, со овој проект наместо во нашата држава да биде присутен само еден извор на гас, сега е отворена можноста да влезе и снабдување од повеќе различни извори, како гасот од САД, Блискиот Исток и други земји.

– Ова значи сигурно и безбедно снабдување со природен гас од различни добавувачи и диверзификација на изворите што нашата држава ќе ја направи енергетски независна, нагласи Ковачевски.

Сето ова, смета Ковачевски, ќе влијае и на намалувањето на цената на гасот како енергенс за индустриските и енергетски капацитети во земјава.

Заедно со гасната централа за производство на електрична енергија, како втора фаза од овој голем проект, според Ковачевски, се обезбедува електро-енергетски капацитет со најсовремена технологија за производство и снабдување со електрична енергија.

– Северна Македонија, во овој проект учествува со договор за резервација за одреден капацитет за течен гас од Терминалот во  Александруполи. Во тек се и подготовките коишто ќе овозможат и наше директно вклучување во изградбата на гасоводот со што нашата земја ќе биде поврзана со овој значаен енергетски капацитет. Со интерконекторот во Грција, кој е во фаза на реализација, ја заокружуваме сета потребна инфраструктура за да се заврши и секундарната гасна мрежа која ќе го донесе гасот до граѓаните и стопанството во Северна Македонија, посочи Ковачевски, додавајќи дека користењето на нови извори на енергија и замена на јагленот со гас е еден од најважните стратешки интереси на Владата.

Реализацијата на овој проект, како што истакна Ковачевски, отвора потенцијали за инвестирање во изградба на други енергетски објекти и подобрување  на конкурентноста на регионот.

– Сакам на сите граѓани на Северна Македонија, меѓутоа и на граѓаните на регионот да им испратам порака дека ова се кризни времиња. Ние како премиери и претседателот на Србија, тоа што сме сите заедно овде, испраќаме порака дека во тешки времиња пријателите и соседите треба да бидат заедно да се помагаат и во таа прилика го истакнувам моето огромно задоволство од многу честите контакти кои ги имавме и на дневно ниво со претседателот Вучиќ, со премиерот Мицотакис во делот на обезбедување на потребните енергенси во текот на зимата, меѓутоа и во делот на непречено снабдување, транспорт и трговија на храна помеѓу нашите три држави, рече Ковачевски.

Настанот го отвори грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

– Апсолутна политичка определба е проектот да се реализира во рок од 20 месеци, нагласи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на официјалниот почеток на имплементацијата на пловечкиот терминал за складирање на течен природен гас (ЛНГ) и за гасификација во Александруполи.

– Присуството на Шарл Мишел и сите балкански пријатели ја истакнува важноста на проектот и неговиот супериорен  геополитички отисок на енергетската мапа“, рече тој, мислејќи на проектот кој, врз основа на меѓународните околности и насилната руска инвазија на Украина, станува уште поважен, објави грчкиот ТВ канал ЕРТ.

„Александруполи е светилник што испраќа двоен сигнал, со негово завршување наскоро ќе можеме да се ослободиме од гасот кој доаѓа од руски извори и дека нашите земји играат заедничка клучна улога на новата енергетска мапа, така што овие две нешта ја прават соработката на овој проект неопходна,“ рече Кирјакос Мицотакис. Тој истакна дека Грција е лидер и се грижи за сопствената енергетска ефикасност но и дека е подготвена да им помогне на земјите како Бугарија.

„Александруполи својата посебна геополитичка важност како енергетска порта ја оправдува со проект со вкупна вредност од 360 милиони евра а половина од средствата се финансирани од ЕУ. „Ќе има серија инвестиции кои ќе и овозможат на Грција да може да добие капацитет со 58,5 милиони кубни метри течен природен гас, во следните два месеци, што може да го покрие само грчкиот пазар, но и да замени и дел од потребите од руски гас на Балканот.

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел истакна дека „ заедно ја земаме судбината во свои раце“.

– Време е вистината да покаже што можеме да постигнеме заедно, рече Мишел, во своето обраќање.

– Почитуван Кирјакос, верувам дека проектот е пресвртница во енергетскиот развој на Европа и ќе не направи посилни и понезависни далеку од рускиот гас“, рече претседателот на Европскиот совет. „Ова е геополитичка иницијатива која обезбедува природен гас за Грција, Бугарија, Северна Македонија и ќе придонесе за заедничките цели“, додаде Шарл Мишел.

На свеченото отворање на терминалот присуствуваа и премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, српскиот претседател Александар Вучиќ, бугарскиот премиер Кирил Петков, објави грчкиот телевизиски канал ЕРТ. 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија е многу благодарна.

– Многу сме благодарни и сме подготвени да преземеме големи количини од гасот во иднина.  Србија треба да гради системи з поврзување со Бугарија, бидејќи само така ќе може да прифати големи количини гас, но и дека ќе мора нешто многу  да се направи и на поврзување со Северна Македонија, изјави Вучиќ.

Бугарскиот премиер Кирил Петков, зборуваше за историски ден за Бугарија и Грција, со кој е направен важен чекор за енергетската независност на двете земји.

-Ова не е само енергетски проект, ова ќе ја смени енергетската мапа на Европа, порача Петков.

На настанот присуствуваше и Џефри Пајат, амбасадор на САД во Атина, кој по 6 години се враќа во Вашингтон каде ќе ја преземе должноста државен потсекретар задолжен за енергетика.

(М.Т.)

 

ОДБЕЛЕЖАН ПОЧЕТОКОТ НА ГАСНИОТ ТЕРМИНАЛ АЛЕКСАНДРОПУЛИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

ВЕСТИ August 12, 2025

Украинските Вооружени сили го задржуваат непријателот на првата борбена линија – особено во правецот кон…

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.