НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САС на МПЦ-ОА му се заблагодари на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и соопшти дека продолжуваат разговорите со СПЦ до утврдување на конечниот статус

0
By Mirjana on May 10, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светиот Архиерејски Синод на МПЦ – ОА (САС), на својата вонредна седница одржана денеска посвети посебно внимание на актуелните настани што се однесуваат на воспоставувањето евхаристиска заедница на ерархијата, клирот и народот на МПЦ-ОА со Православните Помесни Цркви како и за конечниот автокефален статус на нашата Света Црква, се наведува во соопштението од денешната синодска седница.

САС на МПЦ-ОА изразува најсрдечна благодарност на Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј за патријаршискиот и синодаден акт за канонско евхаристиско единство на нашата епархија, при што прифаќањето е со ексиолошкото име со што се обезбедува вековниот црковен континуитет. 

Портпаролот на Синодот, Владиката Тимотеј одговарајќи на новинарски прашања , рече дека не треба да се потценува тоа што Вселенската Патријаршија не признала како Охридска Архиепископија зашто со тоа таа го признала континуитетот на нашата црква олицетворена во МПЦ-ОА.

„Тие нека не викаат како што сакаат, ние се викаме МПЦ, а го користиме и древното име Охридска Архиепископија, затоа велиме тие не признаа под црковното име а ние ќе се викаме МПЦ – ОА. Охридска Архиепископија не е понижувачко име напротив е една историја од 10 века, додека МПЦ сме од 1945 година, не треба ова да се прима на срце како голема отстапка, изјави владиката Тимотеј, портпарол на Синодот.

За преговорите со СПЦ, портпаролот на Синодот изјави дека тие продолжуваат и ќе траат додека не се дојде до моментот за прогласен автокефален статус на МПЦ-ОА.

Во соопштението на САС  во делот за преговорите со СПЦ,  стои: „Продолжуваат разговорите со СПЦ до уредувањето на конечниот статус на нашата црква како и по препорака на цариградската Патријаршија која во рамките на светоканонскиот чин и црковно предание треба да се уредат управните прашања меѓу двете цркви“.

Синодот на оваа седница уште одлучи да се канонизираат двајца македонски преродбеници олицетворени во личностите на Јоаким Крчоски и Кирил Пејчиновиќ , Лешочки. (М.Т.)

СООПШТЕНИЕ САС МПЦ ОА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

ВЕСТИ August 12, 2025

Украинските Вооружени сили го задржуваат непријателот на првата борбена линија – особено во правецот кон…

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.