Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Сараево бизнис форум: Време е регионот да го гледаме како инвестициски потенцијал

0
By Соња Крамарска on May 11, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 11, 2022 13:47

„Силно го поддржувам процесот на создавање единствен пазар на Западен Балкан и очекувам да се зголемува бројот на држави кои ќе учествуваат во отстранувањето на пречките за слободен проток на луѓе, услуги, добра и стоки во нашиот регион“, порача денес поранешниот премиер Зоран Заев од конференцијата Сараево бизнис форум која се одржува во главниот град на Босна и Херцеговина.

Говорејќи на панелот за заздравување на економијата по ковид пандемијата, Заев дека Западен Балкан има огромни потенцијали и затоа треба да игра, како што рече, поголеми игри во економијата.

„Време е регионот да си го „спакуваме“ и како инвестициски потенцијал. За да ги донесеме големите играчи треба и ние да играме поголема игра. Западен Балкан има огромни потенцијали за создавање енергија од обновливи извори, имаме многу сонце, ветер и вода. Тоа подразбира инвестиции во големи стратешки и инфраструктурни проекти, а денес тоа го можат големи и глобални инвеститори. Нашите држави може да се конкурентни за вакви проекти само ако се здружиме и ако настапуваме како регион“, истакна тој.

„Погледнете го проектот Александруполи, типичен пример како треба да се игра регионално кога е во прашање глобалната енергетска политика. Имено, пред неколку дена во Александруполи, Грција, започна изградбата на терминалот за течен гас, проект за долгорочна енергетска независност и за стабилно и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време“, посочи Заев и додаде дека регионот треба да биде уште похрабар и одлучен кога станува збор за регионалното поврзување. „Ситуацијата во Украина ја налага таа нужност и ги зголемува потенцијалите за регионална соработка на Западен Балкан“, смета Заев.

Поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ изрази и загриженост од намалените проекции за економски раст на глобалната и европската економија.

„Светска банка во својот априлски извештај за Европа и Централна Азија наведе дека стапката на раст во Западен Балкан ќе падне на 3,2 отсто во 2022 година. Тоа е намалување за 0,9 процентни поени во однос на јануарската проекција кога беше прогнозиран раст од 4,1 процент“, рече Заев.

„Денес предизвиците се многу поголеми – недостаток на храна, глобална реорганизација на снабдувањето со енергенси, ценовни шокови. Мораме да соработуваме, за да успееме. Клучот е во партнерствата, во сојузништвата. Во услови на ризици од глобален немир, мораме да се здружуваме и да создаваме платформи, соработки и партнерства кои емитуваат регионален мир, стабилност, предвидливост“, порача тој.

Затоа, додаде Заев, регионалната соработка ја ставам на првото место.

Во својот говор тој се осврна и на војната во Украина како дополнителен катализатор на економската криза по пандемијата, и рече дека државите мора засилено да им помагаат на своите граѓани. „Затоа, апелирам до владите, не штедете на граѓаните, напротив вложувајте во нив – во куповната моќ и во развојот на човечкиот капитал“, истакна поранешниот премиер.

„Уверен сум дека економиите на Западен Балкан ќе бидат и посилни и подинамични доколку се соработуваат, доколку се здружуваат и доколку се стремат што поскоро да прераснат во една единствена отворена економија на Западен Балкан. Тоа е гаранција за конкурентност во однос на целиот свет, гаранција за инвестиции, за работни места, за потрошувачка моќ и конечно, гаранција за подобар живот на нашите граѓани“, рече тој во обраќањето.

Сараево бизнис форум е најголема конференција за бизнис и инвестиции во Југоисточна Европа, која се одржува во Сараево секоја година почнувајќи од 2010 година. Конференцијата се одржува денеска и утре. Оваа година како говорници на конференцијата се најавени и словенечкиот претседател Борут Пахор и поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ.

Зоран Заев Сараево бизнис форум 2022
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.