НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Во и околу Хелсинки град со 650 000 жители, има изградено засолништа кои можат да примат 900 000

0
By Mirjana on May 11, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британската ТВ мрежа Скај њуз објави репортажа од Финска, во која се дадени детали за тоа како таа земја се подготвува за руска инвазија уште од 1993 година. Приказната започнува со навидум обичен базен, во предградието на Хелсинки. Но, тоа е уникатен базен кој кажува речиси сè што треба да се знае за тоа зошто Финска е загрижена за руската инвазија, пишува Sky News, пренесува Index.hr.

Базенот се наоѓа под земја, ѕидовите изгледаат како да се врежани во карпа, а над капачот има 15 метри гранитна карпа. Зад мрежата на главниот влез, како и во подрумот, се кријат масивни врати против кражби. Има и софистициран систем за филтрирање на воздухот, па дури и вентили за регулирање на притисокот кои можат да издржат силни експлозии.

„Значи, ова не е обичен базен. За помалку од еден ден може да се исуши и да се претвори во засолниште во кое може да се сместат речиси 4.000 луѓе“, посочува Sky News.

Овој засолниште-базен е изграден пред 29 години, за двете намени. Хелсинки има уште неколку такви места – центри за забава, социјални објекти, па дури и патека за картинг – и сето тоа е изградено земајќи ја предвид потенцијалната катастрофа.

Финците имаат културолошко паметење за руската инвазија, за т.н. Зимската војна која траела меѓу 1939 и 1940 година, а подоцна и за Втората светска војна. „Сеќавањата од тој конфликт се пренесени како предупредување дека на соседот не може да му се верува. Разговорот со луѓето во Финска за Русија и Зимската војна ќе се појави во разговорот за неколку моменти“, се вели во извештајот на Sky News.

Се додава дека затоа Финците се подготвувале со децении. Така, Хелсинки, град со околу 650.000 жители, во своите засолништа може да смести околу 900.000 луѓе. Станбените блокови, канцелариите и хотелите мора да имаат такви засолништа. Иако овие засолништа не се разгледуваа со години, тие сега станаа многу актуелна тема.

Понатаму се наведува дека Финска и претходно била претпазлива кон Русија, но сега е нервозна кога видела што се случило во Украина. Веднаш се сетија на Зимската војна и не е ни чудо што сега, по години одбивање да потпишат каков било воен сојуз, речиси сигурно ќе започнат со пристапниот процес за влез во НАТО, истакнува Sky News.

Исто така, новинарите на Скај њуз ги посетија продавниците за воена опрема наречена Варустела, каде што продажбата драстично се зголеми по руската инвазија на Украина. Некои купуваат вреќи за спиење и прибор за прва помош, додека други нарачуваат панцири и борбени материјали. Откако Финска ќе поднесе барање за членство во НАТО, се очекува уште едно зголемување на продажбата, поради стравувањата од руска одмазда.

ЗАСОЛНИШТА фИНСКА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

ВЕСТИ August 11, 2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата средба со претседателот на…

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

August 10, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.