Александар Стојковски е новиот директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП), информираат од Градот Скопје.
Стојковски е дипломиран машински инжинер на Машинскиот факултет во Скопје. Има над 20 години работно искуство, а на функцијата доаѓа како претходно вработен во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на новиот директор му посакува успешна работа, да продолжи со досегашната успешна организациска поставеност на ЈСП, со грижата за вработените и да работи пред се во служба на сите граѓани, воспоставувајќи одлуки кои ќе бидат во интерес за сите граѓани.
ЈСП Скопје ќе продолжи со сите расположливи средства и ресурси да го опслужува јавниот превоз во интерес на скопјани.