Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема заедничко решение кое може да биде основа за договор со Бугарија

0
By Biljana on May 14, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 14, 2022 13:32

На 22 мај нема да има заедничка владина конференција со Бугарија од причина што агендите не го дозволуваат тоа. Во моментов, министерствата за надворешни работи разменуваат идеи, но нема усогласено заедничко решение кое може да биде основа за меѓусебен договор, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Решение со Бугарија, според Ковачевски, е можно единствено ако тоа се заснова на европски вредности, на принципи на задржување на достоинството на граѓаните на двете држави и на меѓусебна почит меѓу политичарите, институциите и граѓаните.

– Се додека нема такво решение кое што ќе се базира на овие вредности, нема да има решение. Во моментов, како и во претходниот период, министерствата за надворешни работи разменуваат идеи меѓу себе, меѓутоа нема изгласано заедничко решение кое што може да биде основа за меѓусебен договор и  за споделување со институциите во едната или во другата држава, изјави Ковачевски, додавајќи дека разговорите продолжуваат.

Прашан за чествувањата што се организираат по повод 24 мај, Ковачевски рече дека тој ќе ја предводи македонската делегација во Рим.

– На 24-ти, ние ќе имаме наша делегација во Рим, која што ќе биде составена од министри, а во неа ќе биде и ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје. Јас ќе ја предводам таа делегација и таа ќе биде македонска делегација во Рим, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Прилеп.

Бугарија Ковачевски Македонската делегација Рим
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.