Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија може да ја збрише Финска за десет секунди, стигнаа и првите закани

0
By Biljana on May 14, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 14, 2022 15:30

По најавата на Финска дека ќе бара членство во НАТО уследија реакции од официјална Москва.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Александат Грушко изјави дека Москва ќе преземе соодветни мерки ако НАТО распореди нуклеарни сили и инфраструктура во близина на границата со Русија.

– Ќе биде потребно да се одговори … со преземање на соодветни мерки на внимателност кои ќе обезбедат одвраќање, истакна Грушко.

Тој додаде дека не гледа „реални“ причини“ зошто Финска и Шведска сакаат да ѝ се придружат на Северноатлантската алијанса …

Додека потпретседателот на Одборот за одбрана во Думата, Алексеј Жураљов истакна дека Русија може да ја збрише Финска од лицето на земјата за десет секунди.

Тој и се закани и на Велика Британија, наведувајќи дека на руските нуклеарни проектили им треба три минути да стигнат до Островот.

– Американците ќе направат се за да дојде до трета светска војна. Ќе се обидат да ја вовлечат цела Европа во конфликт со Русија, ќе се обидат да ја запалат ситуацијата во Азија и да размрдаат што е можно повеќе земји. Тоа ќе биде одличен начин за да се извлечат од внатрешната економска криза. За сите проблеми ќе ја обвинат војната, како што правеа во Првата и во Втората светска војна, наведе Жураљов.

На прашањето дали е можно Русија прва да нападне со атомска бомба, тој одговори:

„Секако, но под услов ако се доведе во прашање самото постоење на Русија“.

Тој им се закани и на балтичките земји.

– Ние дефинитивно не се плашиме од тие кикиритки држави. Тие се како смрдливи бубачки, ќе треба да се згазнат кога ќе биде нужно. Сега бубачките се мали и смрдливи, посочи Жураљов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.