Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прилепската болница доби магнетна резонанца по повеќе од 50 години ФОТО+ВИДЕО

0
By Biljana on May 14, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 14, 2022 17:41
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски придружен од министерот за здравство Беким Сали, денеска го посети и отвори одделението за магнетна резонанца во рамки на одделот за рентген во ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност – Прилеп.

„Нашата посета на Општата болница во Прилеп е по повод отворањето на одделот во кој поставен ново набавениот апарат за магнетна резонанца. Магнетната резонанца е од огромна придобивка за граѓаните на Прилеп и околината. Во овој оддел од денеска највисока здравствена услуга неопходна за точна дијагностика ќе добиваат околу 120.000 граѓани”, рече премиерот Ковачевски и додаде дека после повеќе од 50 години болницата добива модерен апарат за магнетна резонанца со кој сега ќе може уште поцелосно да ја остварува својата мисија – да обезбедува квалитетна здравствена услуга на населението од Прилеп, Крушево и Македонски Брод и за целиот овој регион.

„Граѓаните од Општина Прилеп и околината нема веќе да патуваат во Скопје или Битола за да ја добиваат оваа здравствена услуга. Сега им се отвора можност олеснет пристап, без дополнителни трошоци и време за термин, да ги добиваат резултатите веднаш”, истакна премиерот Ковачевски.

Тој потенцираше дека во изминатите две години пандемијата покажа дека инвестициите во јавното здравство се инвестиции во здравјето и иднината на нашата држава.

„Затоа продолжуваме со инвестиции во јавното здравство за мотивирани здравствени работници и задоволни граѓани.

Платите на сите вработени во здравството од почетокот на оваа година се зголемија за пет отсто. За оваа намена обезбедени се 600 милиони денари во Буџетот за 2022 година.

За четири години основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40 отсто, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 отсто, на општите лекари за 25 отсто, додека на здравствените соработници за 15 отсто”, рече премиерот Ковачевски додавајќи дека е коригиран и коефициентот за дежурства, а за младите специјализанти овозможено е здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основната плата на општ лекар.

Министерот за здравство Беким Сали изјави дека продолжуваат инвестициите во човечки ресурси и опремување на јавните здравствени установи со цел поквалитетни здравствени услуги за граѓаните.

„Во прилепската болница, со цел зајакнување на кадарот испратени се 40 специјализации за период од четири години од кои само последната година – 26 специјализации и 4 супспецијализации.

Во делот на опременост, набавено е ново гинеколошко ЕХО, нов дигестор за патологија”, објасни министерот Сали и најави дека во тек е постапка за набавка на медицинска опрема, апарати за анестезија, хирургија, физикална, детско, трудова медицина, пациент-монитори за транспорт.

Директорката Кети Смилеска рече дека изминатата година Општата болница во Прилеп испрати 30 доктори на специјализација и се заблагодари на персоналот, за нивниот труд, пожртвуваност и посветеност, како и на општествено одговорните компании во соработка со кои, како што рече, успеваат да обезбедуваат опрема и апарати, кои помагаат во секојдневната работа.

 

Беким Сали Димитар Ковачевски Магнетна Резонанца министерот за здравство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.