Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Безнадежноста во Македонија расте – младите сонуваат за билет во еден правец

0
By Соња Крамарска on May 16, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 16, 2022 12:05

Речиси шест од десет млади, доколку имаат можност, би се иселиле од државата, а околу 29 проценти не би се иселиле. Речиси осум од 10 млади луѓе, пак, мислат дека не можат да влијаат на начинот на кој работи Владата, односно немаат надеж за промена, покажува истражувањето на Фондацијата за демократија Вестминстер.

Како што изјави Рита Бехадини, претседателка на Центарот за еднакви можности „Буба мара“, презентирајќи го извештајот пред почетокот на настанот „Социополитичко учество на младите”, ако одлучат да си заминат, само осум проценти од младите изјавиле дека сигурно би се вратиле во земјава.

„Ова значи дека веќе не се работи за повисока плата и за повеќе пари, туку за подобар животен стандард. За жал, речиси осум од 10 млади луѓе мислат дека не можат да влијаат на начинот на кој работи Владата, а тоа значи дека немаат надеж за промена. Ако навистина сакаме промена, мора да најдеме механизми како младите да се сфатат сериозно и да станат дел од одлучувањето. Посебно треба да се најде начин како да се мотивираат девојките, за да бидат дел од промената“, вели Бехадини.

Според Бехадини, младите мислат дека ако станат дел од една партија, веќе не можат да најдат работа надвор од партијата и тоа не е стереотип. „Ако вистински сакаме промена, мора младите да учествуваат во политиката и да бидат дел од политичките партии, затоа што само тие знаат какви им се потребите“, дополни Бехадини

истражување млади иселување Фондација за демократија Вестминстер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.