НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Домовите за стари лица земаат замав, се гради уште еден во Црниче

0
By Biljana on May 17, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Домовите за стари лица во последните години стануваат дел од социјалната култура во општеството, и оттука се зголемува и интересот за нивно отворање. Единствениот синџир старечки домови во земјава Феникс располага со три објекти, додека во моментов ќе отвара таков дом и на четврта локација. Во нив има 24часовна медицинска нега, рехабилитација и услуга. Цените за престој се движат од 26.000 до 42.000 денари.

„Имаме наши медицински сестри и доктори кои секојдневно вршат посети и постојано се следи состојбата на нашите корисници. Објекти имаме на три локации, Волково, Капиштец и Пржино а моментално отвораме дом и на четврта локација во Црниче. Во однос на капацитетите имаме 250 легла. Нудиме од еднокреветни до четирикреветни соби, во однос на желбите и потребите на корисниците, изборот е нивен. Цената зависи од видот на собата и од локацијата, вели за НоваТВ Методија Стевановски генерален менаџер на Феникс.

Во „Феникс“ постојат и посебни одделенија кои се посветени на пациенти со специфична дијагноза како што е деменцијата, паркинсонова болест или од друга сериозна болест.

Како што потенцира Стевановски, многу луѓе имаат одбивност и самата помисла за старски дом сеуште кај нас звучи лошо. Тој додава дека „Феникс“ се единствениот синџир старечки домови во земјава, а оваа дејност во Македонија почнува де се развива некаде пред 20-тина години бидејќи целиот Балкан е место каде многу често доминираат предрасудите и многу луѓе на прво споменување создаваат негативна слика за домовите за стари лица.

„Сакаме да ја разбиеме таа табу тема да направиме нешто ново и да покажеме дека Западот допрва доаѓа кај нас. Пред пандемијата со ковид посети од  блиските и фамилиите имаше секој ден, но сега се само за време на викендите. Со договор можат да бидат и повеќе денови. Корисниците имаат и низа активности со тоа што нивните денови се исполнет. Се уште учиме и се надополнуваме“, вели тој.

Највозрасната категорија граѓани се жали дека капацитетите во државните домови се мали, а условите не се на високо ниво. Од пензионерските здруженија уверуваат дека на  луѓето од третата доба секогаш им е потребна дополнителна помош, а во овој динамичен свет, семејствата не можат и немаат време секогаш да бидат постојано со оние стари лица на кои им е потребна нега. Затоа, според нив, државата треба сериозно да му се посвети на овој проблем.

Маја Терзиова

Македонија старски дом фениск
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.