НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Кинескиот патнички авион во март намерно бил урнат – убивајќи ги сите 132 патници

0
By Соња Крамарска on May 18, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кинескиот патнички авион, кој на 21 март се сруши во планина, при што загинаа сите 132 патници во него, намерно бил урнат од пилотот или од натрапник кој му влегол во пилотската кабина, соопштија истражителите. Податоците за летот од црната кутија пронајдена од кинескиот Боинг 737-800 покажуваат дека човечки фактор го натерал авионот да падне во планинската област Гуангкси на 21 март.

Експертите веруваат дека само убиство или самоубиство може да објасни како авионот завршил во речиси вертикална траекторија уривајќи се кон земјата. „Авионот се урнал со команда од некого во пилотската кабина“, изјави извор од истрагата за Wall Street Journal.

Иако пилотот е главен осомничен, истражителите не ја исклучуваат можноста член на екипажот или патник да влегол во кабината и ја презел контролата над авионот. Кинеските власти не пронајдоа докази за техничка неисправност во авионот и затоа се истражува екипажот, изјави за Ројтерс западен претставник.

Боингот 737-800 се урна на пат од Кунминг до Гуангжу, при што загинаа 123 патници и девет членови на екипажот. Тоа беше најсмртоносната воздухопловна катастрофа во Кина во последните 28 години. Тоа, исто така, ја поттикна China Eastern да ги приземји сите свои авиони Боинг 737-800. Авиокомпанијата соопшти дека приземјувањето било мерка на претпазливост, а не знак за некаков проблем со авионите, кои се меѓу оние на кои најмногу се потпираат авиокомпаниите ширум светот.

Во моментот на падот, екипажот не пријавил проблеми пред да изгуби контакт со контролата на летање. Сликите покажуваат дека падот оставил кратер длабок 65 метри во планинска падина, го скршил авионот и предизвикал пожар во околната шума. Пронајдени се повеќе од 49.000 парчиња авионски остатоци. Беа потребни два дена за да се најде црната кутија од пилотската кабина и шест дена за рекордерот за податоци за летот, кој беше закопан 5 метри под земја.

Сличен случај со намерно уривање на патнички авион се случи и во Германија, поточно во француските алпи кога пилотот кој се лекувал од депресија намерно го урна авионот на Germanwings. Тој се заклучи во кабината, и не му отвори на капетанот копилот кој беше надвор од кабината и му тропаше откако виде дека авионот паѓа. Загинаа сите 150 патници. (Преземено од Дејли меил)

https://novatv.mk/wp-content/uploads/2022/05/636x382_MP4_2110236884362836960.mp4

кинески авион несреќа во март
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.