Пред соборниот храм „Свети Сава“ во Белград денеска се собраа голем број верници. Радоста на празникот, кој годинава се празнува во деновите на велигденската радост, беше надополнета со спроведувањето на одлуката на Светиот архиерејски синод на СПЦ за повторно воспоставување литургиско и канонско заедништво на двете сестрински Цркви, Српската православна црква и Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
„По нешто повеќе од половина век е надминат расколот кој нанесе длабока рана на телото на нашата Црква. Денешниот собир во радоста и љубовта Христова ја потврдува вистината дека соборноста и единството во Црквата Христова се од благословено и спасоносно значење, бидејќи причестувањето во Светата Евхаристија е слика на вечното заедништво во Царството Небесно“, се вели во објава на телевизијата на СПЦ ТВ Храм.
Голем број верници пред соборниот храм „Свети Сава“ во Белград на литургијата на помирување