Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворен Балкан ќе отвори единствен пазар на трудот за граѓаните на Македонија, Србија и Албанија

0
By Соња Крамарска on May 24, 2022 ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 24, 2022 19:23

Граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија наскоро ќе можат да се вработат во овие земји со идентификациски броеви на Отворен Балкан без дополнителни административни бариери. Издавањето на првите идентификациски картички, кои ќе овозможат слободен пристап до пазарот на труд на Западен Балкан се очекува за време на Самитот Отворен Балкан што ќе се одржи на 7 и 8 јуни во Охрид, најави Ненад Ѓурѓевиќ, советник во Стопанската комора на Србија (ПКС), на панелот „Ветрови на балканските промени – како го менуваме нашиот регион“ во рамки на форумот Отворен Балкан што го одржува организацијата „Лимбек“, јави дописиникот на МИА од Белград.

Ѓурѓевиќ рече дека тие заедно со стопанските комори на Северна Македонија и Албанија, бизнис заедницата, активно учествуваат и ги поддржуваат владите во спроведувањето на иницијативата Отворен Балкан и дека натамошната имплементација на потпишаните договори е приоритет.

Наведувајќи го како главен предизвик постигнувањето на целите во дадените временски рамки, Ѓурѓевиќ посочи дека за побрзо спроведување и усогласување на администрациите потребно е да се формираат имплементаторски и надзорни тела на ниво на иницијативата Отворен Балкан кои би ја следеле реализацијата на целиот процес.

„Отворениот Балкан е отворен за сите економии во регионот. Само заедно можеме да одговориме на деловните предизвици и да привлечеме странски инвеститори во регионот. Ако ги погледнете економиите на Западен Балкан, тие имаат заедно околу 18 милиони жители и бруто домашен производ од 111 милијарди евра. Затоа е важно на оперативно ниво заедно со бизнис заедницата и претставниците на министерствата и стручните служби да најдеме решенија, соодветни протоколи и да ја усогласиме работата за издавање на потребните сертификати за производи кои ќе бидат признаени во сите три земји. Ова во голема мера ќе го олесни работењето на компаниите во регионот“, рече Ѓурѓевиќ.

Тој додаде дека конкретните резултати од оваа иницијатива можат да придонесат и за напредок во Берлинскиот процес, кој во моментов е во стагнација.

„Најважната цел на иницијативата Отворен Балкан е да придонесе за подобар живот на граѓаните на регионот преку овозможување слободен проток на стоки, капитал, услуги и луѓе и важно е да се промовира оваа иницијатива колку што е можно повеќе, бидејќи соработката на економско ниво може да создаде услови за политички напредок“, оцени Ѓурѓевиќ.

вработувања идентификациски картички отворен балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.