НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британците восхитени од Трпчески – го свири Моцарт како виор со 130 километри на час

0
By НОВА ТВ Mitreska on May 25, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Престижното британско и едно од водечките светски музички списанија „Грамофон“ во својот јунски број го издвои како компакт-диск на месецот новиот албум „Варијации“ на македонскиот пијанист Симон Трпчески.

Трпчески за своето најново соло издание, а трето за издавачката куќа „Лин рекордс“ избра дела од Моцарт, Бетовен и Брамс.

Рецензентот на „Грамофон“ за новото издание истакнува дека во исто време „Варијации“ предизвикува восхит и зачуденост. Во поширокиот осврт се истакнува дека интерпретацијата на Трпчески на оваа „деликатна, нежна музика е најличното свирење што го слушнал од него“.

„Длабоко тапациран, секако, но во исто време јасен, жесток и искрен. Целата варијација (од Моцарт – н. заб.) е како виор низ прозорецот на возилото кое забрзано се движи по автопатот со безмалку 130 километри на час. Изведбата на Трпчески може да послужи како саундтрак за научно-фантастичен филм на Андреј Тарковски“, одушевено подвлекува критичарот на највлијателното светско списание за класични рецензии „Грамофон“.

Максимални пет ѕвездички – и за изведба и за квалитет на снимката, на албумот „Варијации“ му додели и престижниот британски „Би-Би-Си мјузик магазин“, чиј рецензент Мајкл Чрч ја истакнува „карактеристичната префинетост на Трпчески“, подвлекувајќи ги убавината и лесниот допир кои изведбата „во исто време ја прават интимна и земјотресна“.

грамофон моцарт Симон Трпчевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.