НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Убиецот во Тексас влегол во училницата за четврто одделение, заклучил, и го почнал крвавиот поход

0
By Соња Крамарска on May 25, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Портпаролот на Одделот за јавна безбедност во Тексас, поручник Крис Оливарез, во разговор за CBS News детално го опиша настанот со пукањето.

Тој рече дека убиецот, познат како Салвадор Рамос на возраст од 18 години, откако ја застрелал својата баба во неговиот дом се упатил кон училиштето, влетувајќи таму со својот автомобил. Тој наишол на отпор од органите на редот кога влегувал во училиштето, но успеал да влезе во училницата за четврто одделение, каде што се забарикадирал и почнал да пука.

Оливарез го опиша ужасниот настан, објаснувајќи дека органите на редот го слушале како пука во училницата но немало како да влезат. „Во тој момент, примарен фокус беше да се евакуираат што е можно повеќе деца“, раскажува тој.

Тој опиша и дека додека се слушале пукотници во училиштето, наставниците во другите училници ги кршеле прозорците обидувајќи се да им помогнат на своите ученици да избегаат. Додека се случувало пукањето, полицајците оделе околу училиштето, кршеле прозорци и се обидувале да ги евакуираат децата и персоналот.

Органите на редот на крајот успеале да упаднат во забарикадираната училница каде што влегле во престрелка со напаѓачот кој бил убиен на лице место.

Загинаа 19 деца и двајца наставници – сите од училницата за четврто одделение.

Сите жртви се отстранети, идентификувани и нивните семејства се известени, рече поручникот. Биле ранети и повеќе деца во училницата, според Оливарез, но нема точна бројка во овој момент.

На прашањето дали училиштето било цел, Оливарез рече дека се уште има „многу неодговорени прашања“.

„Се обидуваме да го утврдиме тоа, затоа работиме со ФБИ во моментов за да погледнеме наназад да видиме дали има некои индикатори на социјалните мрежи. Она што го знаеме за напаѓачот е дека тој е жител овде во Увалде, посетувал едно од локалните средни училишта, живеел со баба му и дедо му, бил невработен, нема пријатели, нема девојка што можеме да ја идентификуваме во моментов, нема криминална историја, нема припадност на банди“, рече Оливарез. Тој додаде дека убиецот имал една пушка во негова сопственост кога влегол во училиштето, а властите работат на утврдување на типот на пушка и капацитетот.

„Носел и борбен елек какви што користат тактички тимови, тимови SWAT, каде што може да се стави дополнителна муниција“, изјави Оливарез.

Оливарез извести дека неговата баба – која напаѓачот претходно ја застрелал – се уште е жива и властите се обидуваат да го лоцираат неговиот дедо и членовите на потесното семејство. (Си-Ен-Ен, Гардијан)

напад во Тексас убиени 19 ученици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.