Во Струмица повеќе нема диви продавачи на текстил. Нелојалната конкуренција и грдата слика на градот се минато. Ова е резултат на силната желба и заедничкото работење на сите партнери во Локалниот совет за превенција, информираше преку социјалните мрежи градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.
На денешната седма конференција се договоривме овој 100 процентен резултат да го повториме и кај другите отворени проблеми како што се нелегалната трговија со старо железо на улицата „Антон Панов“, вандализмот на урбаната опрема, а пред нас се и нови предизвици коишто ги носи летото, еден од нив е узурпацијата на тротоарите од страна на несовесните возачи, пишува Костадинов.