НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерот Ковачевски не го прекршил протоколот со присуството на неговата ќерка во Ватикан

0
By НОВА ТВ Mitreska on May 26, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не е надвор од протоколот членови на семејства да присуствуваат на ауденција кај папата Франциск и да се одаде почит по повод свеченостите во чест на 24 Мај,  Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј во Рим, одговори премеирот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања, а во врска со придружбата на македонската делегација во која беше и неговата ќерка Тамара Ковачевска.

– Не постои пречекорување на протоколот, беше најавено дека ќе бидам придружуван од мојата ќерка, тоа е во согласност со протоколи за посета на папа. Историјата познава многу такви случаи на аудиенција во Ватикан. Дали ќе оди сопружник, сопружничка или друг член на семејство, зависи од изборот на државникот. Со тоа се искажува чест и почит кон домаќинот, а така било и за поранешни претседатели и премиери. Не постои никаква двосмисленост, туку уште еден начин да се оддаде почит, додаде премиерот Ковачевски кој наведе дека и многу странски државници кога одат на чествување кај папата се случувало да бидат придружувани од членови на своите семејства.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки рече дека не треба децата на политичарите да се фрлаат во политичкиот ринг алудираќи на неоснованите реакции по социјалните мрежи во врска со придружбата на ќерката на премиерот во Ватикан, но инсистираше премиерот да одговори на пратеничкото прашање од неговата партија што ќе преземе и дали ќе бара одговорност од собранискиот претседател Талат Џафери за искажаните навреди кон вработените во законодавниот дом.

Инаку, на ауденција кај папата поранешниот премиер Зоран Заев беше со својата сопруга Зорица, а претходно поранешниот претседател Ѓорге Иванов со сопругата Маја Иванова.

С.М.

ауденција Ковачевски Папа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.