Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сѐ уште се трага по десетгодишниот Петар, родителите се сомневаат дека е украден

0
By НОВА ТВ Terziova on May 26, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 26, 2022 20:41

Во потрагата по Петар Џобески која се одвиваше во лоши зимски услови беа вклучени голем број на екипи, но тој не беше пронајден. Пријава за исчезнато дете ги вознемири македонските граѓани на 25-ти февруари годинава. Златокосото момче од мариовско исчезна без трага на своја 10-годишна возраст. Петар е дете со посебни потреби и тешко комуницира со други луѓе.

„Земен е Петар од некого, на тоа се сомневаме, како инаку да не може да се најде цели три месеци? Нам никој ништо не ни кажува, на почеток кога исчезна не испрашуваа, сега веќе никој не не бара, раскажува за Фокус Стојо Џобески, татко на 11-годишниот Петар кој исчезна на 25-ти февруари во село Врпско, Прилеп.

Неговата мајка Соња не престанува да плаче штом се спомне името на синот од кого нема трага.

„Нека зборува мојот сопруг, јас сите солзи ги исплакав, си го сакам моето дете. Немам повеќе сили, поминаа три месеци, не знаеме што да правиме, што да мислиме“, вели таа.

Стојо пак, раскажува дека од ловџии дознал дека неодамна надлежните служби повторно го пребарувале теренот околу Врпско. Имало повеќе луѓе со возила, но лично него никој ништо не го известил.

„Ловџии ми кажаа дека се трагало по Петар пред некое време. Ние сами, каде да го бараме? Дента кога го снема, првин помислив дека залутал по патот, го баравме, потоа гледав по некоја споредна патека да не тргнал, но каде и колку далеку би можело да отиде едно дете? Постојано размислувам за сето она кое се случи. Неколку дена пред да исчезне Петар забележав траги од автомобилски гуми. Не знам дали тоа има некаква поврзаност, дали некој таму доаѓал, но се повеќе мислам дека детето ми е земено од некого. Минатиот месец се сретнав со екипа која го бараше, ги прашав што има, дали имаат некој траг, ми одговорија дека си ја работат нивната работа. Претпоставувам, во интерес на истрагата не сакаат да зборуваат и откриваат многу“, вели таткото.

Појаснува дека уште на почеток, кога момчето исчезна, лица вклучени во истрагата му кажале дека фотографијата на Петар ќе биде испратена и во странство, дека насекаде ќе се трага по него.

„Не знаеме веќе што да мислиме. Времето си минува, дали и надвор од земјава се трага по нашето дете“, дополнува таткото на Петар.

Македонија петар џобески Прилеп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.