Силно невреме попладнево зафати делови од Македонија, а наместа имаше и обилни врнежи од град. И Охрид, според снимките објавени на социјалните мрежи, го погодиле и врнежи од град, за кои жителите изјавиле дека биле со големина на тениско топче, a езерото „побелело“.
По најавите од УХМР за невреме викендов, и ЦУК попладнево апелираше граѓаните во земјава од попладнево да избегнуваат локално двжење во и покрај суводолици и други стари корита – водотеци, како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови.
Град во езеро е скрос ново искуство. pic.twitter.com/BgNsbGpiOf
— BB (@BeelyanaS) May 28, 2022