Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извлечени телата на 17 од вкупно 22 лица во урнатиот авион во Непал

0
By Соња Крамарска on May 30, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Авионот на канадскиот производител е погоден за корисниците бидејќи може да слетува и полетува на кратки писти
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 30, 2022 14:24

Пронајдени се телата на 17 од 22 лица кои биле во авионот што се урна во Непал. Потрагата по преостанатите луѓе продолжува, рече портпаролот на авиокомпанијата Сударшан Бартаула.

Бартаула рече дека спасувачите веруваат дека некои тела се закопани под остатоците на авионот. Спасувачите кои работат со голи раце не можеа да ги преместат металните остатоци, рече тој.

Авионот „Twin Otter“ изгуби контакт со аеродромската кула во неделата додека леташе на закажаниот лет од 20 минути во област на длабоки речни клисури и планински врвови. Во авионот се наоѓале четворица Индијци и двајца Германци, соопшти компанијата Тара Ер. Тројцата членови на екипажот и другите патници биле непалски државјани, се вели во соопштението.

Остатоците ги лоцирале селаните кои барале во областа Јарсагумба.

Се претпоставува дека авионот го пресекол врвот на помала планина, а потоа удрил во поголема планина. Локалните вести велат дека меѓу патниците имало две непалски семејства, едното со четири члена, а другото со седум.

Воздушните фотографии од местото на несреќата покажаа делови од авиони расфрлани на карпи и мов од страната на планинската клисура.

Армијата соопшти дека авионот се урнал во Саносвер во областа Мустанг во близина на планинскиот град Џомсом, каде што се движел по полетувањето од туристичкиот град Покара, 200 километризападно од Катманду. Дестинацијата на авионот е популарна кај странските планинари и кај индиските и непалските аџии кои го посетуваат локалниот храм.

Twin Otter е авион на канадскиот производител на авиони De Havilland и е ценет поради неговата издржливост и способност да полетува и слетува на кратки писти. Производството на авионите првично заврши во 1980-тите. Друга канадска компанија, Viking Air, го врати моделот во производство во 2010 година.

авионска несреќа Непал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.