Состанокот меѓу заедничкиот истражен тим – составен од Украина, Литванија и Полска – и обвинителот на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан, доаѓа откако руските сили беа обвинети за убиства на цивили во Буча и напади врз цивилна инфраструктура во Мариупол.
Присутна ќе биде и државната јавна обвинителка на Украина, Ирина Венедиктова, чија канцеларија веќе отвори повеќе од 8.000 кривични истраги и идентификуваше над 500 осомничени кои опфаќаат руски министри, војска и команданти, јави Асошиетед Прес.
Заедничкиот истражен тим првпат беше формиран кон крајот на март, набргу откако Меѓународниот кривичен суд отвори истрага. Истовремено, надвор од Хаг, обвинителите во Полска, Германија, Франција, Норвешка, Швајцарија и на други места отворија свои истраги. (АП)