НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Атентаторот на Роналд Реган излегува на слобода

0
By НОВА ТВ Terziova on June 2, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судија го прифати барањето за безусловно ослободување на Џон Хинкли Јуниор, кој на 30 март 1981 година, се обиде да го убие американскиот претседател Роналд Реган, со цел да ја импресионира актерката Џоди Фостер.

Хинкли излегува на слобода шест години по неговото отпуштање од психијатриска болница. Според судот, по години лекување и психолошко набљудување, Хинкли повеќе не е опасен за општеството и од 15 јуни може да биде без судска контрола, оцени судот.

Хинкли, кој има 67 години, пукаше во американскиот претседател, додека тој излегуваше од хотелот „Хилтон“ во Вашингтон. Напаѓачот изјави дека сакал да ја импресионира Фостер, која ја гледал во филмот „Таксист”. Реган беше погоден во градите, близу срцето. Притоа, три лица беа повредени, меѓу нив и Џејмс Брејди, тогашен портпарол на Белата куќа, кој имаше последици од раната и проблеми со говорот.

Над 30 години Хинкли беше затворен во психијатриска болница, за во 2016 година да добие дозвола да живее со својата 90-годишна мајка. Неговиот живот беше воден од строги правила: мораше да го пријави секое излегување од дома, каде ќе се движи, во кое време, дали нешто притоа му се случило, редовно да посетува лекар или да бара негов совет преку телефон, како и да води дневник за своите активности.

Тој имаше безусловна забрана за директен и индиректен контакт со Џоди Фостер и со нејзиното семејство, со потпомците на Роналд Реган и со жртвите. Според судските документи, неговата психичка состојба сега е „стабилна“.

„Да не стануваше збор за атентат на претседателот, тој одамна ќе беше на слобода“, изјави судијата Пол Фридмен.

атентатор роналд реган Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.