Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест на универзитетските професори од УКИМ: Доцент доктор има пониска плата од просечната во државата

0
By Соња Крамарска on June 2, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 2, 2022 11:43

„Долго време бевме трпеливи и имавме разбирање за економската состоја во нашата држава. Но на трпението му дојде крајот. Мора да се избориме за нашите права и за достоинствени плати. Доколку ние тоа не го направиме никој за нас тоа нема да го направи. Ние сме претставници на научната заедница и свеста и совеста на нашето општество.  Ние сме тука за нашите студенти, за нивното образование затоа што тие се иднината на нашата држава“, рече денес професорот на Правниот факултет Ангел Ристов на протестот на наставниот и ненаставниот кадар на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, кој се одржува пред Ректоратот.

На протестот присуствуваа околу 300 незадоволни вработени во универзитетот.

„Ние веќе нема да молчиме. Автономијата без достоинствени плати е илузија. Денеска еден доцент доктор на науки има пониска плата од просечната плата во државата. Платите на ненаставниот кадар се под достоинството. Ова го нема никаде го нема во Европа и во светот. УКИМ со децении е заборавен и запоставен од сите досегашни влади. Наместо да биде двигател на развојот во општеството, носител на прогресот, креатор на иднината на младите, денес УКИМ се бори за голата егзистенција. Прашувам дали во оваа држава уште е потребно високото образование. Од односот на државата јасно произлегува одговорот. Наместо да обезбеди достоинствени финансиски и материјални услови за истражување и за наука, системски да се решат примањата на наставниот и ненаставниот кадар на УКИМ државата не го прави тоа“, рече професорот Ристов.

Тој рече дека  Владата се обидува со минимални покачувања на нашите плати да ги задоволи барањата на нашата академска заедница и ненаставниот кадар. „Тие покачувања веќе одамна инфлацијата ги изеде неколку пати. Се покачи минималната плата, расте просечната плата, се зголемија платите на лекарите, на судиите, на обвинителите и на голем број други професии. Само ние вработените на УКИМ останавме заборавени“, рече тој.

Ристов дополни дека овој протест има за цел да прати порака до Владата дека веќе не може вака. Предлозите за минимално покачување на нашите плати најавени за од септември, не ги прифаќаме, вели тој.

„Бараме конечно Владата да прифати дека науката и образованието се од суштинска важност на иднината на државата. Бараме итно да се потпише нашиот колективен договор за кој преговараме повеќе од една година, за да се врати достоинството на научните работници и вработените на УКИМ. Бараме значително да се подобри нашата материјална положба со вистинско и систематско четиригодишно покачување на платите за да дојдеме до достојното ниво на плати. Доколку ова наше барање Владата не го прифати, нашиот следен собир ќе биде пред Владата но во многу поголем број бидејќи дел од нас и денес останаа совесно да ги држат испитите и да ја спроведуваат наставата. Но на следниот собир доколку Владата не ги исполни нашите барања ветуваме дека ќе испорачаме посилен глас од целото наше членство и вработени. Од нашите барања нема да се откажеме. Имаме силна поддршка од ректорската управа и од Сенатот на универзитетот“, порача Ристов. (С.К.)

Ангел Ристов протест УКИМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.