Околу 800 луѓе, вклучително и деца, се кријат под хемиската фабрика Азот во клучниот источен украински град Северодоњецк, кој е под интензивно руско гранатирање, изјави Серхи Хаидаи, гувернер на регионот Луганск.
Локалните жители најдоа засолниште во подземни скривници од советската ера, изјави тој за Си-Ен-Ен. „Таму има локални жители, од кои било побарано да го напуштат градот. Но, тие одбија. Има и деца, но не многу“.
Вчера, Хаидаи рече дека е можно да има уште залихи на опасни хемикалии во објектот. Локалните власти соопштија дека руските сили пукале врз фабриката Азот и „погодиле една од административните згради и складиштето каде што се складирал метанолот“. (Си-Ен-Ен)