Обвинителката Фатиме Фетаи денеска беше и во Гибралтар, каде Македонија играше со домаќините во Лигата на нации и победи со 2:0 со головите на Барди и Николов.
Овој пат камерата ја прикажа Фетаи сама на трибините.
Околу неа, претходниот пат се покрена лавина од прашина, кој и платил авионски билет и престој за натпреварот на македонската репрезентација на Светското првенство против Италија во Палермо. Друштво тогаш и правеа министерот за правда Никола Тупанчевски и судијата од Кавадарци, Лазар Нанев.
Вишата обвинителка Фатиме Фетаи тогаш ги покажа уплатниците за платените аранжмани преку туристичката агенција „Гуливер“ за следење на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација,