Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина Глигорие Гоговски

0
By Соња Крамарска on June 5, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 5, 2022 20:36

На 79-годишна возраст денеска во Тетово, почина Глигорие Гоговски, една од најзначајните и најистакнатите македонски личности од стопанствениот, општествениот и политичкиот живот.

Гоговски беше долгогодишен генерален директор на волнарскиот комбинат „Tетекс“ oд Тетово и претседател на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.

Роден е во Тетово, во 1943 година. Во 1968 година дипломирал на Електро-машинскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Универзитетот во Загреб. Во периодот од 1986 до 1991 година ја извршуваше функцијата претседател на последниот Извршен совет на тогашна Социјалистичка Република Македонија. Во улога на премиер на преодната влада, тој ги подготви првите слободни и повеќепартиски избори.

Менаџерскиот капацитет, посветеноста, професионалноста, одговорноста и капацитетот за носењето на вистинските деловни одлуки на Гоговски беа од суштинско значење за успешното управување и предводење на „Тетекс“, којшто, 70 години до денес, успеа да чекори по патот на успехот.

Визионерството во водењето на тековната и развојната економска стратегија на комбинатот „Тетекс” беше основниот двигател во сите процеси од основањето, најнапред, на Тетекс Банка АД Скопје, подоцна Тетекс – Кредитна банка АД Скопје, а потоа и ТТК Банка АД Скопје, а почнувајќи од амбицијата децениското егзистирање, традицијата и искуството да се обликуваат во нов, модерен начин на банкарство којшто ќе креира вредност и поддршка за граѓаните и домашните мали и средни бизниси. Како претседател на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје беше активен учесник во креирањето на стратешките цели на денешната ТТК Банка АД Скопје којашто низ годините се покажа како стабилен, профитабилен и сигурен банкарски играч.

Ценетата лична и професионална експертиза на Гоговски ќе продолжи да опстојува како успешен пример за стопанската, финансиската и општествената фела.

Неговото долгогодишно успешно делување на пазарот ќе претставува инспирација, поттик и пример за креирање вредност. Идните генерации во него ќе гледаат пример од кој ќе учат и, надградувајќи се, ќе продолжат по истата патека уште долги години во иднина.

Глигорие Гоговски ќе биде погребан утре во 13 часот на гробиштата во Тетов

Глигорие Гоговски почина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.