НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владика Тимотеј за НоваТВ: Од посетата на Вселенската Патријаршија очекуваме да добиеме Томос за автокефалност

0
By Mirjana on June 6, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Во четврток, поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија г.г. Стефан придружуван од четворица владици, како што дознава НоваТВ,  Тимотеј, Петар, Климент и Партениј, заминува во седиштето на Вселенската патријаршија, Фанар каде како што е договорено на верскиот празник Педесетница, во недела на 12 јуни, заеднички да сослужуваат  со Вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Дебарско – кичевскиот митрополит и портпарол на Синодот на МПЦ ОА, владиката Тимотеј кој ќе биде член на црковната делегација, за НоваТВ изјави дека се очекува оттаму да се вратат со Томос за автокефалност.
„Очекуваме Вселенската патријаршија да ни додели Томос по вчерашното официјализирање на одлуката за одобрување и благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, од страна на Српската православна црква“, изјави митрополитот Тимотеј за НоваТВ.

Како што е веќе познато, српскиот патријарх Порфириј му врачи акт на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г Стефан, со кој се потврдува одлуката на Српската православна црква (СПЦ) да одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ-ОА, со што се става  крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. Патријархот Порфириј најави дека документот ќе биде доставен и до другите православни цркви.

Со овој чин на СПЦ се отвори и процесот за стекнување на Томос за автокефалност, кој двете сестрински цркви очекуваат да биде доделен од вселенскиот патријарх Вартоломеј.

„По Божјата благодет, имаме прилика да го овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква – Охридската архиепископоија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православи браќа и сестри во Северна Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска чувствуваме и јавно пред сите да го објавиме документот, кој се нарекува Томос“, изјави Порфириј по вчерашната литургија во Белград.

За г.г. Стефан овој настан е правда за Охрид – словенскиот Ерусалим и најави продолжување на процесот со посета на Вселенската патријаршија. (Б.Ј./М.Т.)

 

Владика Тимотеј за очекување од посетата на Вселенската патријаршија томос од Вартоломеј
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.